Блерим Сејдиу од Беса, од Вреди, за излегувањето на Таравари и АА од владата: Во неа некој влегува, а некој излегува, но таа е стабилна!

„Некој си оди, некој влегува, но Владата е стабилна. Ќе има и нови политички случувања.“ – со оваа изјава Блерим Сејдиу, претседател на селската општина Желино од тетовскиот регион и потпретседател на Беса, од Вреди, им изреагира на Арбен Таравари и АА по одлуката за напуштање на Владата на Македонија. Реакцијата на Сејдиу ја пренесоа ТВ 21 и  информативната агенција „Журнал“.



Медиумите ја цитираат изјавата, која ја даде Сејдиу во овој контекст: „Сме рекле и порано: кога ќе се отвори вратата некој излегува, а некој влегува. Очекуваме дека ќе има и други политички случувања, но не можам да изнесувам информации за ова во јавноста пред да го потврдат тоа политичките партии. Инаку Владата е стабилна.“