Верата е повик за мир, а не за омраза, на дијалог, а не за осуда. Верските лидери во Македонија и Комисијата за односи меѓу верските задници потпишаа Декларација против насилен екстримизам. Поглаварите се обврзаа да соработуваат со државните институции, граѓанскиот сектор и медиумите во напорите за превинирање и спречување на насилниот екстремизам.
„Го осудуваме насилниот екстримизам и сите облици на насилство без оглед на нивниот извор, облик или мотив. Верата е повик на мир а не на омраза, на дијалог, а не на осуда. Ги повикуваме верниците од нашите заедници и сите наши сограѓани да ги негуваат вредностите на меѓусебно почитување, дијалог и разбирање кои се темел за заеднички живот и на градење општество отпорно на омраза, поделба и насилен екстремизам. Се обврзуваме да придонесуваме за одговорноста на заедниците особено кај младите и ранливите групи преку пренесување и зацврствување на духовните и моралните вредности што произлегуваат од нашите свети учења и се спротивставуваат на насилство, омраза и искривување на верата“ стои во Декларацијата.
Според директорката на Комисијата, Оливера Трајковска, има одличен дијалог помеѓу сите верски заеднициво Македонија. Поглаварите се согласиле да доставуваат информации до надлежните институции за евентулни сознанија за насилен екстремизам во државата.
Поглаварот на Исламската верска заедница, рече дека не знаеле за терористичките групи во Македонија, поврзани со ИСИС кои беа откриени од МВР.
Својот потпис, за зајакнување на напорите во превенирањето и борбата против насилниот екстремизам, го ставија архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, реисот на Исламската верска заедница Шаќир еф. Фетаху, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и директорот на Македонскиот Центар за Меѓународна соработка Александар Кржаловски.




