Младата македонската сопранистка Илина Митревска победи на оперски натпревар со огромна традиција во градот Алкамо.
Илина Митревска која својата кариера ја гради во Италија и Македонија на Сицилија победила на музички натпревар во конкуренција на 47 други учесници.

,,Неверојатно сум среќна и благодарна што ја освоив наградата „Најмлад финалист“ на меѓународниот натпревар „Città di Alcamo“, како и Специјалната награда/прилог за фестивалот „Luglio Musicale Trapanese“. ✨🏅Беше чест да бидам дел од едно вакво натпреварување, со 47 учесници и традиција во која некои од моите идоли се претседатели на жирито – како Џоан Сатерленд, Еда Мозер, Фиоренца Косото, Рајна Кабаиванска и Гена Димитрова – Да се биде меѓу толку талентирани гласови и автентични уметници беше навистина инспиративно! Честитки до сите учесници и победници!❤️🫶Овој натпревар се издвојуваше по почитта кон пејачите и чесното жири. Искрена благодарност до мојата неверојатна, посветена професорка.
Ви благодарам, @concorsolirico И ви благодарам, прекрасно сицилијанско време”, вели Илина Митревска за настапот и победата.

Илина Митревска предходно имаше самостоен концерт во Рим каде поради своите гласовни способности и емотивен настап го доби епитетот ,,музички ураган”.
Илина не е само сопран: таа е звучен ураган – Божиќен концерт на Македонката во Рим
Вечерва во охридска Св. Софија концерт на суперталентираната Илина






