Македонската компанија која е една од водечките во земјава во секторот малопродажба на електронски апарати и домашни апарати Сетек со денови е блокирана од засега официјално непознати причини.
Компанијата во моментов нема активен веб сајт.
На сајтот на Сетек сега пишува дека фирмата има ограничувања при продажба, логистика и сервис.
,,Известување
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека поради технички проблеми има ограничување во нашите системи за продажба, логистика и сервис. Од тие причини дел од услугите може да бидат привремено недостапни, но нашите тимови се на располагање за да Ви помогнат. За итни случаи, контактирајте нè на нашите телефонски броеви.
Вашите потреби остануваат наш приоритет.
Ви благодариме на трпението и довербата”, пишува на сајтот на Сетек.

Компанијата нема коментар на информациите што се појавија на социјалните мрежи според кои Сетек е под хакерски напад.
Според информацијата која не е демантирана од компанијата поради распад на дигиталната мрежа вработените не можат да земат плата.
Опасност според оваа информација има и за муштериите на Сетек кои оставиле лични податоци при контакт со фирмата.







