Македонија од третиот шешир во ждрепката за ЕП 2026 во ракомет

Како 19-рангирана, машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде извлечена од третиот шешир во ждрепката за 17. Европско првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, закажана за 15 мај од 19 часот во данскиот град Хернинг.



Заедно со „црвено-жолтите“ се Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска, што значи дека избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги избегнат овие селекции во една од групите на шампионатот што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.

Вкупно 24 земји-учеснички ќе бидат распоредени во шест групи по четири, од кои во главната фаза ќе се пласираат по две најуспешни во секоја од групите.