Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде биде подобро!

„Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва на отворањето на новиот штаб во Скопје нагласи дека за Алијансата за Албанците би било подобро во опозиција, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат.“ – објави ТВ 21.



„Не, немаме дефинитивна одлука. Но, како што гледам, довербата меѓу нас во владината коалиција е во мизерна состојба. Верувам дека овие денови ние, Алијансата за Албанците, треба да се сретнеме со премиерот, бидејќи е коректно да се сретнеме и да разговараме уште еднаш. Верувам дека АА треба да биде во опозиција и да се обиде да ја направи трката колку што е можно подобра, да се организира преку штабови и ограноци и да се обиде да освои колку е можно повеќе. Но, конечната одлука ќе ја донесе раководството на партијата.“ – рече Арбен Таравари.