Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите Тимотеј и Пимен, денеска во Дортмунд, Германија ќе осветат камен-темелник на новата црква на МПЦ-ОА во Европската Епархија.
Осветувањето на камен-темелникот ќе почне со литургија, а чинот на осветување е закажан за денеска на пладне.
Ова ќе биде уште една во низата нови цркви на МПЦ во Европската Епархија, откако нејзиното раководење го презеде митрополитот Пимен.
„Да изградиме Црква -духовно светилиште ,кое ќе сведочи за постоењето на еден свет верен Македонски Православен народ“, стои во поканата за денешниот настан од црковната општина во Дортмунд.




