„Ние, Европејците, понекогаш мислиме дека се газди во светот. Забораваме дека сме мал и слаб дел од универзумот. Ја губиме економска моќ. Полека, но сигурно да паднавме на 25 на 18 проценти од глобалниот бруто националниот производ“ вели претседателот на Евопската Комисија, Јункер.
Русија е важен играч и без неа не постои безбедносна агенда за Европа, Жан-Клод Јункер, истакнувајќи дека ЕУ и Русија треба да се одново да воспостават контакт и да ја надминат реториката од студената војна.
„Мора да научиме да зборуваме со Русите на рамна нога, гледајќи се во очи“ вели Јункер во интервју за холандскиот весник „Trouw“ , а пренесува „Политико“.
„Мојот пријател (рускиот претседател Владимир) Путин во 2014 година беше многу непријатно изненаден од изјавата на тогашниот претседател на САД Барак Обама дека Русија е само регионална сила“ рекол Јункер како шрто пренесува европското издание на порталот Politico.
Во интервјуто, претседателот на ЕК, исто така, предупреди дека моќта на Европа на светската сцена опаѓа.
Зборовите на Јункер доаѓаат во период на константно заплашување од руско влијание во мирот во Европа особено на Балканот.





