Кои се фантомските анкети на кои според Филипче ВМРО-ДПМНЕ наводно стои лошо?

Лидерот на СДСМ Венко Филипче јавно зборува за фантомски анкети на кои ВМРО-ДПМНЕ наводно стои лошо а јавноста нема никаков увид во нив.



Филипче тврди дека според некои последни анкети, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ сериозно опаѓа, особено последниве два месеци.

Филипче вели дека со мнозинство од скоро две третини во Собранието, нивниот неуспех на секое поле покажува две работи, дека немаат капацитет и немаат идеја да направат нешто добро за државата.

Филипче не открива кој, кога и по чија нарачка се спроведени анкетите за кои зборува.

Тој не открива ниту колкав е наводниот пад на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Филипче цитира за јавноста непостоечки анкети според последните објавени анкети Филипче губи од Мицкоски со речиси 7:1 а неговата партија губи со огромна разлика.

Според анкетата на Маркет Вижн од 26 Април над половина од граѓаните што би излегле на избори или над 51 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ а само нешто над 10 проценти за СДСМ.

Односот во ова испитување е 5:1 за ВМРО-ДПМНЕ

Ако утре има избори ВМРО-ДПМНЕ може сама да освои мнозинство во парламентот

Кај лидерке соодносот е уште полош за Филипче

Мицкоски речиси 7 пати попопуларен од Филипче – најнова анкета на Маркет Вижн