Откако претседателката на Транспаренси Интернененел Слаѓана Тасева го обвини вицепремиерот Анѓушев а тој демантираше дека и се заканувал, нов скандал во кој е инволвиран човекот кој во владата е одговорен за економијата.
“Многу слично доживеав и јас од споменатиот вицепремиер пред неколку дена, на пуштањето на автопатот Демир Капија – Смоквица, кога ме викна да ме кара оти наводно сум го “растурил” за Фени во моите прилози, а како Велешани, требало да се штитиме. Замислете ја сцената – вицепремиер на среде автопат демонстрира сила и моќ над новинар”, пишува новинарот на 24 вести Владимир Тевчев.

Инцидентот се случил за време на отворањето на автопатот Демир Капија – Смоквица.
Тевчев е искусен новинар кој предходно работеше за затворената А1 и важи за еден од најдобрите македонски дописници кој е почитуван од колегите и јавноста.
Вицепремиерот Анѓушев според својата изјава е најбогатиот министер во владата со речиси 30 милиони вреден имот и пари.




