Иванов бара преговори со ЕУ, Туск не дава гаранции

Споровите да се решаваат во согласно со меѓународното право и духот на добрососедството заклучија лидерите во процесот Брдо – Бриони по двочасовниот заеднички состанок и претходните билатерални средби.



Домаќинот- македонскиот претседател побара ЕУ да помогне овозможувајќи паралелно да се одвиваат преговорите за членство со решавање на спорот за името.

Важна е подадената рака и поврзаноста порачаа лидерите. Доста живееме во минатото, ако можеа Северна и Јужна Кореа, можеме и ние, е една од главните пораки на самитот.

На самитот специјален гостин беше претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. На новинарско прашање дали може да го гарантира членството на Македонија во ЕУ ако се реши брзо спорот за името, Туск повтори дека за ова е потребен консензус во Советот.

Од него земјава добива само поддршка но не и гаранции затоа што Грција има право на вето.