Македонија се најде на 13. место меѓу 19 земји според привлечноста за инвестирање кај бизнисмените од Германија, покажуваат резултатите од 13. анкета на Германска индустриска и стопанска комора (ДИХК).
Чешка е на врвот меѓу посакуваните дестинации за вложување кај германските стопанственици, а веднаш по неа се Полска, Естонија, Словачка и Словенија.
Пред Македонија се и Србија на 11. место, како и Бугарија на 12., а полошо се оценети Русија, Црна Гора, Украина, Белорусија, Босна и Херцеговина и Албанија по тој редослед.





