Македонија се спаси од Иловица и Казандол, ќе настрада од Сурлица-Дукат

 Македонија се спаси од штетите кои што по животната средина ќе ги направеа прекинатите проекти за рудниците за злато Иловица и Казандол, но нема да се спаси целосно од опасноста по природата. Од понеделник на само стотина километри од Скопје започнува копање на руда за производство на злато во местата Долно Тламино и Сурлица – Дукат, во општината Трговиште во соседна Србија. Или поточно на самото тромеѓе на Македонија, Србија и Бугарија.  Се работи за проектот Тламино на компанијата „Медголд“ која инцијалната програма ја започнува со 11 ископни дупки на местото каде што се вршени пробни ископувања во 2017 година.



– Со нетрпениe го очекуваме почетокот на комерцијално ископување во овој возбудлив проект. Тламино е висококвалитетна ископувачка цел. Нашите истражувања покажаа вискокјвалитетно злато во длабочина од десетици метри кои лежат на моќна аномалија која се протега најмалку еден километар од исток кон запад – вели претседателот на „Медголд“ Ден Џејмс.

Со почетокот на ископување злато на македонската граница практично би можело да се покаже залудно раскинувањето на договорите за Казандол и Иловица по жестокиот отпор на граѓаните на Гевгелија, Богданци, Кавадарци, Валандово…кои со право се плашеа дека при постапката на лужење кај рудниците за бакар и злато, ќе дојде до продор на отрови и тешки метали во почвата и водата. Рудниците во соседна Србија се толку блиску до Македонија што последиците од опасните методи за користење на цијанид и сулфурна кисленина, кои инаку се забранети во ЕУ, и тоа како ќе бидат почувствувани и од оваа страна на границата.