Кљаиќ: Вардар има големи шанси да ја одбрани европската титула

Ненад Кљаиќ, некогашен ракометен репрезентативец на СФР Југославија и подоцна на Хрватска, по завршувањето на кариерата на 37 години работеше и како тренер, а последен ангажман му беше селекторската функција во Саудиска Арабија, му дава големи шанси на Вардар да ја одбрани европската круна.



„Вардар има големи шанси да ја одбрани титулата. Прашае е, меѓутоа, дали финансиската ситуација во клубот ќе се одрази на играта и на расположението во тимот. Играчите со месеци не добиле плата, а според некои мои информации тоа е период од десет месеци. Тоа е минус, но тие се едни од фаворитите да се пласираат на фајналфорот и да ја одбранат титулата“, изјави во интервју за „Спорт клуб“ олимпискиот шампион со Хрватска од Атланта 1996 и европски вицешампион од Португалија 1994, кој со Загреб два пати го освојуваше тогашниот Куп на европските шампиони и еднаш Суперкуп на Европа.

Кљаиќ во моментов се поврзува со преземање на ракометната репорезентација на Србија.