Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ѝ се обрати на јавноста од Москва, откако како што објасни, морал да лета по „заобиколен пат“ за да стиигне до главниот град на Русија.
Откако неколку земји одбиле да го одобрат прелетот над нивна територја Вучиќ изјави:
„Вообичаено е владината авијација да најавува лет, но не можевме да поминеме низ Белорусија, бидејќи Полска не дозволува коридори. На крајот поминавме преку Бугарија, Турција и Азербејџан“.
За посетата рече дека со гордост присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва, оценувајќи дека Србија има право на тоа поради улогата во Втората светска војна. Сепак, додаде дека посетата освен симболика има и конкретни цели.
„Тоа е важно за нас поради договорот за снабдување со гас и натамошното подобрување на односите со Русија“рече Вучиќ.
Тој додаде дека однапред ги информирал европските претставници за планираното патување за Москва.
„Никого не излажав – им кажав на Фон дер Лајен, на Макрон и на Мелони“, рече Вучиќ според кој Србија останува на европскиот пат, но ги критикуваше оние кои се обидуваат да го претстават како пречка неговото патување во Москва.





