Таравари комуницира со Мицкоски, ама не кажува дали ќе излезе од Владата

Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски, пренесува ТВ21.



Таравари не прецизираше кои ќе бидат следните чекори – дали ќе останат во Владата или не – но кратко рече дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните одлуки.

– Имавме состанок со премиерот пред два дена, ќе продолжиме со разговорите и сме во комуникација. За следните чекори, повторно ќе ве информираме – изјави Таравари.

Владини извори за медиумите велат дека средбата била конструктивна во пријателски и партнерски дух. Според она што беше соопштено, биле разгледани сите прашања за реформите, борбата против криминалот и промените во системот што ги оставиле ДУИ и СДСМ. Истакнаа дека разговорите продолжуваат за овие прашања.