„Конспиративна теорија“ ги преплави онлајн медиумите во Албанија кои лиферуваат информации за наводен заговор потив албанскиот премиер.
„Кој сака да го отруе Еди Рама“ прашува порталот „Албеу“ кој пишува дека премиерот каде и да престојува од поставената трпеза не земал ништо подготвено од други раце. Наводно тој каде и да патува носи леб и храна од Тирана, објавува весникот „Илинден –Тирана“ повикувајќи се на тој портал.
„По информациите од домашната разузнавачка служба и странски партнерски служби во врска со планот за труење на премиерот Еди Рама преку храна, загрижените безбедносни институции го вклучија алармот, што пак всади паника кај премиерот. Не се знае дали зад ова стои домашен фактор или странски служби, но оваа информација ги стави во движење безбедносните стуктури во Албанија, кои ги засилија мерките и го зголемија вниманието околу заштитата на премиерот Еди Рама“, наведува порталот.
Деновиве, на сите средби и посети надвор од Тирана, Рама не сакал да косумира ништо без да биде претходно контролирано.
Исто така, на премиерот му било забрането да пие вода или кафе за време на состаноците поради стравувањата од можноста „заинтересираните фактори за негова елиминација тоа и да го сторат“.
„Се уште не се знае кој стои за овој обид, но еден ваков настан не само што ќе ја дестабилизира Албанија, туку може да го дестабилизира и целиот Балкан“, констатира „Албеу“.




