Граѓани не даваат да им урнат мост: Блокиран патот Прилеп-Крушево

Во 08.50 часот започнат е ненајавен јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, општина Кривогаштани, извести АМСМ.



Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот при што треба да се Урива мост со што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците, велат од АМСМ и додаваат дека од 09:10 часот, сообраќајот е блокиран во двата правци.