Сабриоски: Анѓушев му се заканил и на новинар

Новинарот на ТВ 24 Сунаи Сабриоски објави дека вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев деновиве му се заканил и на македонски новинар.



Во коментар на текст за заканите на Анѓушев за Слаѓана Тасева во врска со криминал во случајот Фени, Сабриоски вели дека закани добил и новинар но тој не открива дали се работи за негов колега од 24 вести или од друга редакција.

На приемот во британската амбасада Вицепремиерот на Тасева и се заканил дека ќе ја тужи за обвинувањата дека тој е дел од нелегални активности во стечајот на кавадаречки Фени.

Фото: ромеа.цз