Русија е главен стратешки партнер на Бугарија во областа на туризмот. Интересот за Бугарија како најпосакувана туристичка дестинација има постојано ниво во последниве години, изјави министерката за туризам на Бугарија, Николина Ангелкова, пренесе БГНЕС.
Во претходната 2017 година, Русија е рангирана на 5-то место во бројот на странски туристи кои ја посетиле Бугарија – 557.915 луѓе.
Повеќе од 400.000 Руси сега имаат “втор дом” во Бугарија,изјавила министерката.




