Студенстското движење побара распуштање на Собранието на Србија и вонредни парламентарни избори и ги повика граѓаните да ја поддржат листата на која студентите во блокадата на сите високообразовни институции на територијата на Србија ќе ја покажат својата доверба со пораката „Нова фаза од борбата на сите нас“.
Студентите ја објавија одлуката на своите пленуми во понеделник вечерта на социјалната мрежа X, а во првите реакции добија поддршка од опозицискиот корпус.
Владата сè уште не се изјаснила за барањата на студентите.
Студентското движење произлезе од бран протести предизвикани од смртта на 16 лица при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.
„Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија студентите од X.
Овој член од највисокиот државен правен акт предвидува дека претседателот на Републиката може, „по образложен предлог од Владата, да го распушти Народното собрание“






