Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли загриженостите дека сликата за него како следен папа, генерирана од вештачка интелигенција, е навредлива за католиците.
Тој изјави дека не ја видел сликата, која беше споделена на X и на официјалниот профил на Белата куќа, сè до недела навечер.
„Немам поим од каде дојде. Можеби беше вештачка интелигенција. Но, не знам ништо за тоа. Го видов синоќа. Всушност, на жена ми ѝ се чинеше слатка.
Праша, нели е убава?“ сподели Трамп.
Откако минатата недела се пошегува дека би сакал да биде новиот папа, сега рече дека таа позиција сепак не е во неговите планови.
„Всушност, не би можел да се оженам. Колку што знам, папите не се големи обожаватели на свадбите, нели? Не, колку што знаеме, не се“, нагласи тој.
Контроверзната слика беше објавена на профилот на Трамп на социјалната мрежа Truth Social во петокот.
Не е познато дали го објавил самиот Трамп или некој од неговите соработници. Сликата предизвика поделени реакции.
Поранешниот италијански премиер Матео Ренци рече дека станува збор за „слика што ги навредува верниците, ги навредува институциите и покажува дека лидерот на глобалната десница ужива да биде кловн“.
Запрашан за негативните реакции на католиците на сликата, Трамп одговори: „Не мислете на католиците, помислете на медиумите за лажни вести… Католиците ја обожаваат (сликата)“.






