Русија објави дека Украина извршила напад со беспилотно летало врз Москва во текот на ноќта.
Сите четири главни аеродроми во Москва беа затворени неколку часа од безбедносни причини, но подоцна беа повторно отворени, објави на Телеграм руската агенција за надзор на воздухопловството „Росавијација“.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на социјалните мрежи изјави дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот „од различни насоки“. Тој додаде дека дел од остатоците од дронот паднале на еден од клучните автопати, но дека немало жртви.
Украина сè уште не се огласила. Но, градоначалникот на Харков тврди дека Русија го нападнала и неговиот град со беспилотни летала во текот на ноќта. Во исто време, гувернерите на Пензенскиот и Воронежскиот регион во Русија тврдат дека биле цел на украински беспилотни летала.
Ова е втора ноќ по ред како Русија известува за украински напади со беспилотни летала. Вчера, руското Министерство за одбрана објави дека 26 украински беспилотни летала биле уништени преку ноќ.
Од целосната инвазија на Русија на Украина пред повеќе од три години, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала врз Москва. Три лица беа убиени во најголемиот напад во март.
❗️🇺🇦⚔️🇷🇺 – Ukrainian drones attacked Moscow and 13 other Russian regions on May 5, 2025, disrupting three major Moscow airports—Domodedovo, Vnukovo, and Zhukovsky—and targeting military and energy sites up to 700 miles from Ukraine’s front lines.
The strikes, which mark a… pic.twitter.com/UEPZAQMs1O
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 5, 2025





