Денеска средба Мицкоски – Таравари!?

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека денеска најверојатно ќе се сретне со Арбен Таравари за да разговара за неговото понатамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локалните избори.



За премиерот, како што рече, е неприфатливо ако Таравари соработува со ДУИ.

„Таква средба ќе се одржи следната недела, мислам дека е утре. Треба да го видам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата, јасно сакам да чујам став дали е вистина дека постои договор меѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не се шпекулира со имињата, каде што ќе номинира кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалник, што прво значи самопонижување како политичка партија , а второ дека молчешкум ќе го поддржува.

Ова е неприфатливо за мене како премиер“, рече Мицкоски, запрашан за потезите на Таравари.

Премиерот и Таравари, како колеги во Владата, имаат секојдневна комуникација…