Александар Јорданов, поранешен европратеник, претседател на Народното собрание на Бугарија и ексамбасадор во Скопје, на 122-годишнината од загинувањето на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев со порака на тема – Македонија.



„Секој Бугарин има долг кон Македонија, но овој долг е всушност долг кон нашата земја, кон Бугарија – долг да живееме, да работиме за да знаеме во секој момент од нашите животи дека она што го правиме не го правиме само за себе, туку за нашиот народ кој живее и во Бугарија, и во денешна Северна Македонија. Затоа што сите историски факти, сите податоци од минатото покажуваат дека ние и оние кои денес се дефинираат себеси како граѓани на Северна Македонија, Македонците, бевме еден народ. Затоа реков дека ова е долг кон Бугарија“, изјави Јорданов за бугарското радио Фокус по повод објавувањето на неговата нова книга „Мисија ‘Македонија’“.

Литературниот критичар бил горд што одиграл голема улога за 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, да се чествува како Ден на бугарската просвета и култура.

„Сè уште сум убеден дека културата е најдобриот амбасадор на Бугарија. Културата е она што ги зближува луѓето. Кога македонските граѓани се среќаваат со бугарската култура, тие многу брзо и лесно разбираат дека во минатото ништо не нè разделувало, а иднината во Европската унија само ќе нè обедини“, додаде Јорданов.