Дипломатска порака, предупредување дека САД нема да дозволат политички тензии и насилство или проширување на црната листа? Ова се трите сценарија кои според многумина може да се кријат зад чекорот што го направи американската амбасадорка Агелер само 24 часа откако во нова закана претседателот на ДУИ, Али Ахмети најави излегување на улица.
Во изјава за медиумите преходно Ахмети меѓу редови побара политичка амнестија за неговиот екс министер и роднина Крешник Бектеши кој е осомничен за Кочани.
Нецели 24 часа откако Ахмети се закани дека ако ексминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, ДУИ ќе излезе на улица, американката амбасадорка Ангела Агелер се појави на настан на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ и ја потенцираше силата на партнерството меѓу Америка и Македонија.

За многумина ова е суптилен одговор на заканите од Ахмети кој рече дека ако Бектеши биде гонет тој ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Ахмети е убеден е дека на улица како од шега во секој момент ќе извади 10.000 интегративци и поддржувачи и дека ќе протестираат секоја недела.
,,Ќе протестираме за Крешник. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда”, најавија од ДУИ завчера.
Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар започна вчера, а на поставување на камен темелникот присуствуваше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.
Амбасадорката Агелер, објави амбасадата, им се придружи на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, вицепремиерот Изет Меџити, други високи гости и вработените во Бехтел-Енка на церемонијата по повод поставувањето камен-темелник на делницата Тетово-Гостивар од Коридорот 8.
,,Амбасадорката ја истакна силата на партнерството меѓу САД и Северна Македонија и улогата на американската експертиза во изградбата на овој стратешки инфраструктурен проект што ќе ја подобри регионалната поврзаност и економскиот развој”, објавија од американската амбасада.
Лани во Јуни Агелер изјави дека нема законска обврска ДУИ да биде дел од владата.
Покрај неколку партиски другари кои се веќе таму Али Ахмети и лично се соочува со можност да биде ставен на Црната листа на САД поради повеќе случаи на висока корупција во која се инволвирани повеќе луѓе од неговото најблиско опкружување.
Повеќе информации од различни извори укажуваат дека тој не можел да не знае за корупциските скандали во кои се инволвирани екс вицепремиерот Артан Груби, негов потпретседател, неговиот зет и негови внуци меѓу кој е и Крешник Бектеши.






