Фудбалерите на Вардар го добија дербито на некогашните македонски шампиони во Чаир со 2:0 и ја продолжи серијата од 14 натпревари без пораз во сите конкуренции, а Гостивар по казните од ФФМ за недоиграниот меч со Работнички во претходното коло се откажа од Првата македонска фудбалска лига!
Напаѓачот од Уганда, Роџерс Мато, ги доведе во водство „црвено-црните“ во судиското продолжение на првото полувреме, а триумфот го заокружи хрватскиот дефанзивец Мислав Матиќ во 69. минута.
Петтопласираниот Гостивар, пак, тргна по стапките на Воска и ја извести јавноста дека нема да го доигра првенството, со што ќе биде преселен во најнискиот ранг на натпреварување, а лигата во последните три кола ќе влезе со 10 екипи, со што ќе остане неодговорено само прашањето за учесникот во баражот за опстанок.





