Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови

Ништо не се градеше.
Денеска, наместо фотообјективи, околу нас трешти звукот на булдожери, багери и камиони. Ние не снимаме рекламни спотови – градиме иднина. Градиме патишта за нашиот народ, рече во своето обраќање првиот вицепремиер во владата, Изет Меџити.



Тој вели дека Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Стратешката одлука на Владата е јасна: Македонија ја завршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа.

-Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома.

Дозволете ми искрено да ѝ се заблагодарам на амбасадорката на САД, Ангела Агелер, за континуираната поддршка.

Исто така, благодарност до тимот на Бехтел и Енка и достручните служби на Јавното претпријатие за државни патишта. Без вашата експертиза, оваа визија немаше да стане конструктивен факт.

Не градиме само автопат – градиме доверба. Во исто време инвестираме во локални улици, канализациски и водоводни мрежи, училишта и амбуланти. Комбинацијата од државни и општински проекти значи дека секоја општина чувствува дека Владата е тука – со реални средства и реални резултати.

Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од кривопаланечко до ресенско, од тетовско до долненско, од дебарско, до струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план. Затоа што нашите граѓани заслужуваат инфраструктура што го скратува времето, ја зголемува безбедноста и го подобрува квалитетот на живот.

Денес поставуваме каментемелник на проект вреден 90 милиони евра, но вистинската вредност е немерлива:

  • Секој спасен живот поради побезбеден пат.
  • Секој нов бизнис што ќе одбере да инвестира тука поради подобрена логистика.
  • Секоја млада личност што ќе остане во регионот затоа што можностите доаѓаат кај неа, а не обратно.*

Дозволете ми да завршам со едно просто ветување: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови. Денешниот темел е симбол на таа политика – политика на дела, а не на празни фрази, рече Меџити.