Дали Белата куќа навистина го објави ова!?

Белата куќа сподели објава од американскиот претседател Доналд Трамп, кој објави фотографија од себе како Папа, генерирана со вештачка интелигенција.



Пред неколку дена, кога еден новинар го праша кој треба да биде новиот папа, Трамп рече дека би сакал самиот да биде папа. Трамп се насмевна и се пошегува кога го слушна прашањето, одговарајќи:

„Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“.

Тој продолжи нагласувајќи дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави тој.

 

Американски сенатор: Ватикан да го земе предвид Трамп за папа