Отровни стрели меѓу Вашингтон и Берлин – САД ја обвини Германија за тиранија

Отровни стрели се разменуваат на социјалните мрежи меѓу меѓу Вашингтон и Берлин откако германската влада најави можност за забрана на втората најголема партија Алтернатива за Германија (AfD) по што САД ја обвини Германија за тиранија.



Вашингтон преку својот државен секретар Марко Рубио реагираше на одлуката според која АФД беше прогласена за екстремистичка.

Класификацијата како „потврден десничарски екстремист“ има различни последици:

сега е можно тајните служби да ги следат состаноците на AfD, да се прислушуваат телефони и да се регрутираат информатори во партијата;

наодите би можеле директно да влијаат врз избраните функционери кои може да ги изгубат своите работни места;

финансирањето од државните фондови може да се повлече.

,,Германија штотуку ѝ даде на својата шпионска агенција нови овластувања да ја надгледува опозицијата. Тоа не е демократија – тоа е прикриена тиранија.

Вистински екстремистички не е популарната AfD – која го освои второто место на неодамнешните избори – туку смртоносните политики на естаблишментот за отворена граница и имиграција на кои AfD се спротивставува.

Германија треба да го смени курсот”, порача вчера американскиот државен секретар Марко Рубио за одлуката на Берлин.

Рубио веднаш доби одговор од Германското министерство за надворешни работи.

,,Ова е демократија. Оваа одлука е резултат на темелна и независна истрага за заштита на нашиот Устав и владеењето на правото. Независните судови ќе го имаат последниот збор. Научивме од нашата историја дека десничарскиот екстремизам треба да се запре”, му одговори министерството за надворешни во Берлин на Рубио.

Сега во дебатата се вклучува и потпретседателот Џеј Ди Венс кој отворено го обвини Берлин дека гради нов Берлински ѕид.

,,AfD е најпопуларната партија во Германија и убедливо најрепрезентативната во Источна Германија. Сега бирократите се обидуваат да го уништат.

Западот го урна Берлинскиот ѕид заедно. И тој е повторно изграден – не од Советите или Русите, туку од германскиот естаблишмент”, пишува американскиот потпретседател.

Паралелно со одлуката на германскиот уставен суд во Бундестагот неколку пратеници се обидуваат да создадат мнозинство за забрана на АФД.

Прес германските избори Балтикот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, директно повикуваше германците да гласаат за АФД.