Традиција за Први мај да се посети некое излетничко место не изостана ни годинава. Но потоа, како да се да се претвори во депонија. Од фотелји, телевизори и гуми, па до цели полни вреќи со ѓубре сведочат дека човештвото како да не постои. На улиците се забележуваат и извадени преполни канти за отпадоци, за кои сопствениците, кои не сакаа да говорат јавно, но велат дека им стојат надвор со денови оти нема кој да дојде да го собере сметот.

По излетничките места хаос. Некои ги насобрале отпадоците, но контејнерот, кој е на самиот излез од излетничкото место им бил далеку, па цели кеси се оставени потпрени на дрвјата во шумата во скопско Кучково. На други пак им било тешко било што да собираат, па оставале по зеленилото секакви отпадоци, од хартии и шишиња до ќебиња по грмушките. На едно место затекнавме и се уште топол жар кој во текот на ноќта можел да предизвика катастрофа. Опушоците пак можат да се видат насекаде.

На тој список предничи СРЦ „Крушино“ каде за овој празник се собираат поголем број локални жители и жители од околните села. Но навиката да се посети Крушино редовно остава негативни последици врз спортскиот центар бидејќи целото ѓубре од посетителите остана расфрлано на сите страни.Така, по којзнае кој пат празникот Први мај помина, а ѓубрето во Крушино остана.

- За жал грдата слика на Крушино и после овој Први мај не изостана. Сѐ што било непотребно после ручекот во природа расфрлано е на сите делови во центарот, каде се создадени помали депонии од секаков вид ѓубре. Навиките да се остава ѓубрето каде што ќе се стигне го расипува впечатокот. Се прашуваме дали еден ден ќе почнеме да наликуваме на Запад или тоа кај нас никогаш нема да се случи – вели за „Нова Македонија“ Никола Миланоски, екологист од Кичево.
Ваквата состојба е на само неколку месеци пред локалните избори, а за истата изминатиов период реагираа и граѓанските организации и активистите, кои побараа итна реакција од надлежните институци за решавање на овие проблеми.





