Повеќе од три милиони евра е вкупната сума што Хрватска им исплатила минатата година на македонски државјани што земаат пензии од оваа држава.
Точно 1.868 лица што живеат во Македонија оствариле право и лани добивале пензија од Хрватска, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за пензиско осигурување.
Македонија е една од 50 држави во светот во кои Хрватска лани исплатила вкупно 439 милиони евра за пензии.
Во Босна и Херцеговина и во Србија се исплаќаат најмногу пензии од Хрватска – околу 129.000, по што следуваат Германија, Словенија, Австралија итн.






