Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер вчера изрази поддршка и солидарност со Грција, опишувајќи ја земјата како негов „втор дом“.
„Дури и во најтешките времиња, ја задржав довербата во грчкиот народ“, рече Јункер за време на разговор со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
„Никогаш не помислив ниту за момент дека Грција ќе ја напушти еврозоната“, рече Јункер, опишувајќи ја земјата како место каде што се роди демократијата и напредното европско размислување.





