Може ли некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра се доволни да се истурка месецот?!

Со свирежи , транспаренти и јасна порака, сидндикатите и работниците на улица го одбележаа денот на трудот. Тие бараат жинимална од 500 евра, покачување на сите останати плати за 100 евра, како и подобри услови за работа, побараа тие на протестот. Рутата на движење започна од Работничкиот дом, Стомапнската комора, Собранието и крајната дестинација беше Владата. Упатија критика на пратениците за високите плати и патни трошоци и им свртеа грб.



  • „На оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствени плати за достоинствена работа. Од другата страна на барикадите се тие кои уживаат привилегии. Луксузот ваш е од трудот наш. Ве молам макар и симболично, да им го завртите сите грбот како што им го вртам јас. За да почувствуваат како е кога работник ќе ви сврти грб“ – изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Оттаму тргнаа кон Стопанската комора. На работодавачите им порачаа да не се кријат затоа што работниците им го заработуваат лебот, а за нив не останува ништо.

  • „Овие се газди безрбетници коишто 30 години ни ја пијат крвта со памукче и на коишто 500 евра за нас се многу, а сега во Грција пет илјади евра за викенд им се малку. Ова не е за „уа“, ова е за секој ден, цел ден да сме тука на улица додека не ни покачат плата. Ова „уа“ е за сите фамилии кои ни се отселија да бараат леб во странство. Македонија била и ќе биде плодна само со работникот“ – изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Од пред работничкиот дом, синдикатите се упатија кон Собранието, а потоа протестниот марш продолжи кон Стопанска комора и владата каде уште еднаш ги повторија барањата.

Меѓутоа не сите синдикати беа присутни на протестот. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не учествуваа, бидејќи како што појаснија вчера претседателот Благоја Ралповски, смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.