Македонецот Крис Павловски, кој е близок на тимот на претседателот Доналд Трамп, извојува симболична, но огромна победа против конкурентот „Јутјуб“ за пренос на настан во Белата куќа.
За прв пат во историјата видео сервисот „Рамбл“, кој е во сопственост на Павловски, има повеќе гледачи во живо од најсилниот видео канал „Јутјуб“ за брифинг во Белата куќа.

Според информациите што ги објавува Павловски на твитер последниот брифинг на Белата Куќа на Rumble го гледале 12 илјади луѓе во живо додека преку YouTube прес конференцијата ја гледале 11 илјади гледачи.

,,Повеќе луѓе го гледаат брифингот за медиумите на Белата Куќа со Стефан Милер, (заменик шеф на кабинетот на Трамп) и Каролин Левит, (портпарол на претседателот), на Rumble отколку на YouTube 🚀”, објави Павловски.

Павловски е по потекло од Македонија а сега е дел од тимот на претседателот Трамп.





