Дачиќ пак ја „пецна“ Македонија за Косово и побара „да се спуштиме на земја“

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ѝ упати нова отровна стрела на Македонија, и тоа зборувајќи за Косово на конференцијата „Нови перспективи за Западен Балкан“.



„Македонија протестира кога ние го употребуваме изразот БЈРМ, а ние не протестираме кога тие зборуваат за Република Косово. Дајте малку да се спуштиме на земја. Не е белким дозволено само против Србија некој да работи“, рече Дачиќ.

Осврнувајќи се на прашањето за разликата за името на Македонија меѓу Атина и Скопје, шефот на српската дипломатија уште еднаш нагласи дека „Европска унија ја предупредила Србија да не го користи името „Република Македонија“.