По 4 години бегство ќе биде вратен во „Идризово“

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привела А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ „Идризово“.



Според МВР, А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 ст.1, „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 ст.1 и „фалсификување исправа“ по чл. 378 ст.1 вв ст.1 од КЗ, а за доиздржување имал шест години и два месеци.

„А.А. на 05.02.2021 година бил пуштен на домашно отсуство, по што се дал во бегство“, соопшти МВР.