Закани на Пајазити кон унитарноста на Македонија: Ако се исклучуваат Албанците, ќе мора да си изберат свој претседател и премиер!

„Ако се исклучуваат вака, тогаш Албанците во Македонија ќе мораат да си избираат свој претседател и свој премиер. Државата и Македонците нема да бидат загрозени со унапредувањето на албанскиот јазик. Не може никој да го искорени албанскиот јазик, бидејќи тој преживеал повеќе од 6 илјади години!“ – ваквите закани кон унитарниот карактер, а индиректно и кон територијалниот интегритет на Македонија како држава, како и бесмислици за временското датирање и постоење на албанскиот јазик, ги изнесува д-р Мухамер Пајазити, професор по евроинтеграции во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово и дел од редакцијата на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, во својата колумна со наслов „Претседателке Силјановска, немајте страв од албанскиот јазик…“  Симптоматично е што овие крајно проблематични ставови Пајазити ги објавува поврзано со најавената седница на Уставниот суд и неговата расправа околу законот за јазиците. Дотолку е поголема проблематичноста на колумната на овој професор и поради тоа што тој недозволиво се обидува да иронизира со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова и нејзиниот инаку политички најкоректен и политички целосно неутрален став околу законот за јазиците и порака до Уставниот суд „само да се придржува кон уставот“. Инаку, за овој закон се креваат голема „прашина“ и етнички тензии меѓу албанскиот блок во Македонија, небаре како да ќе го укинува некој албанскиот јазик.



Во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, Пајазити пишува: Претседателката Гордана Силјановска пишуваше за албанскиот јазик како да е непријателски јазик.

Чувајте се од уставот! Наликува како да се загрозуваат државата и Македонците со унапредувањето на албанскиот јазик. Но, државата нема да биде загрозена, туку ќе биде збогатена, бидејќи јазичната разноличност е богатство. Со членови и одредби на закони, дури и ниту со уставот, не можете да го искорените албанскиот јазик, бидејќи тој преживеал повеќе од 6 илјади години.

Албанскиот јазик е кодот и клучот на сите индоевропски јазици.

Претседателката треба да ги обединува граѓаните, а не да ги дели. Во една нормална и демократска држава таа треба да се бори за правата на сите граѓани. 

Ако се исклучуваат вака, тогаш Албанците во Македонија ќе мораат да си избираат свој претседател и свој премиер…