Интернет гигантот „Амазон“ демантираше дека планира да става царини при вкупните цени за наплата на својата веб-страница, откако по медиумски извештај претседателот Доналд Трамп се пожалил на основачот Џеф Безос, а Белата куќа го нарече потегот „непријателски и политички“.
Компанијата соопшти дека идејата била разгледувана само за нејзината буџетска платформа Haul, што нуди евтини увозни производи, но никогаш не била одобрена и нема да се реализира. Амазон исто така потврди дека не разгледувале вакви промени за главниот вебсајт и дека досега нема направено никаква техничка промена.

Според порталот Punchbowl News, Амазон разгледувал ова да го воведе во пресрет на измените што администрацијата на Трамп планира да ги воведе од 2 мај, како што е најавеното укинување на ненаплата на царини за мали пратки од Кина, познато и како „de minimis“. Ова овозможуваше малите пакети испратени од Кина да не подлежат на оформување царински давачки и инспекции.
Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа, остро го критикуваше Амазон, зошто компанијата не реагирала „кога инфлацијата беше висока за време на администрацијата на Бајден“. Амазон не коментараше за телефонскиот разговор Трамп – Безос. Веста предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата за време на утринското тргување на берзата.
Претходно, Кинеските брендови за брза мода „Шеин“ и „Тему“ исто така воведоа значителни дополнителни трошоци во последните денови. На пример, „Тему“ сега јасно го прикажува „данокот на увоз“ при пресметување на вкупната цена, кој за одредени артикли може да изнесува околу 145 проценти.





