Завршува мерката за ограничените цени и маржи – На врата тропа нов ценовен шок?!

Утре истекува мерката за ограничените цени и маржи што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Согласно Државната статистика, мерката придонела за стабилизирање на цените и намалување на инфлацијата, велат од министерството за економија. Според заменик-министерот, ако трговците пак си тераат по свое, од Владата најавуваат поригоризни мерки.



Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески со предупредување до трговците доколку од 1 мај цените драстично се зголемат – ќе следат нови мерки. Во меѓувреме инспекторите од пазарен редовно вршат конторли и по однос на новата законска обврска за онлајн ценовници. Ристески вели во 21 век цените треба да бидат јавно и транспаретно презентирани, не се исклучува можноста да има општа веб страна за прверка на цените, но според надлежните потребно е да помине еден месец од имплементацијата за да се согледаат резултатите.

Во однос на новата мерка за маркетите јавно да ги објават на цените на интернет, Организацијата на потрошувачи нема добиено поплаки. Оттаму сметаат дека постои треба да се подобри прегледноста на производите.

Од Владата ги предупредуваат трговците да размислат пред нешто да направат, оти инспекцијата веднаш ќе стави клуч на врата на секој маркет кој ги крши правилата на игра.

При крај е и изработката на просечната потрошувачка кошница од министерството за економија и труд, која по повеќе од 12 години ќе биде изготвена од официјална институција. За месец април Синдикатот пресмета дека на едно семејство за да го помине месецот потребни му се 62.691 денар.