Вратата му е отворена за другите партии, изјави вели пратеникот Беким Ќоку од коалицијата ВРЕДИ за можноста Зијадин Села да стане дел од ВРЕДИ за ТВ21.
„Не би рекол во ВРЕДИ, но во парламентарното мнозинство верувам дека секоја партија што ќе одлучи да се бори против корупцијата, да се бори против злото, да стане дел од големите промени, верувам дека треба да биде добредојдена.
Претседателот на АА, Зијадин Села, претходно изјави дека нема намера да влезе во никаква соработка со коалицијата ВРЕДИ, но додаде дека доколку Таравари се приклучи на Европскиот фронт, ќе има свои ставови по ова прашање.
Се очекува на 1 мај премиерот Мицкоски да се сретне со Таравари, кога се очекува да се одлучи дали АА ќе остане дел од Владата.
За ВРЕДИ е неприфатливо некој што е дел од нив да соработува со ДУИ, го пренесува ставот на едн од двете крила на АА ТВ21.





