Ракометарите на Алкалоид испишаа историја со пласманот во финалето на Европскиот куп на ЕХФ по подоброто изведување седмерци од Рунар Сандефјорд, а во двомечот за трофејот ги чека грчки АЕК!



Норвежаните го добија реваншот на свој терен со 34:29, со што ја анулираа негативата од 42:37 во Скопје, а по пеналите освојувачот на Купот на Македонија се избори за конечни 32:35, доволни за да им се придружи на Вардар (мажи и жени), на Кометал Ѓорче Петров и на Пелистер како македонски финалисти во европските купови.

Херој на гостувањето на северот од континентот беше дијамантот на македонскиот ракомет, 18-годишниот среден бек Дамјан Митев, кој не само што достојно ги замени другите двајца плејмејкери отсутни поради повреди – братот Марко Митев и Игор Ѓорѓиев, туку и се наметна како играч на натпреварот со 9 гола од 12 удари!

Го следеа десните бекови Мартин Серафимов со 8/12 и Мартин Велковски со 4/6, средниот бек Михаил Ивановски со 4/9 итн.

Термините за финалните дуели со тимот од Атина се 17 и 24 мај.