Туск: Патот кон ЕУ е како трка со пречки

Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Софија следниот месец ќе ја потврди европската перспектива на регионот каде има свежи спомени од војните и со долга историја на блиски односи со Русија, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, цитиран од американските медиуми.



Туск вчера ја започна турнејата низ регионот како подготовка за состанокот во Софија закажан за 17-ти мај.

Минатата недела Европската комисија процени дека Албанија и Македонија постигнале доволно напредок за започнување на разговорите за членство во ЕУ.

Вчера во Тирана, Туск рече дека патот за членство ќе биде тежок, но „вреди да се вложат напори“.

„Овој процес повеќе наликува на трка со пречки отколку на автопат. Но целосната интеграција останува наша заедничка судбина“, рече Туск на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

По средбата во Тирана тој отпатува во Подгорица, а Туск денеска ќе го посети Белград.