Конечно Македонците да се задоволни од тоа како реагирале властите во кризна ситуација

Најнова анкета покажува дека конечно македонските граѓани се задоволни од тоа како реагирале властите во одредена ситуација.



Во земја каде секогаш власта е критикувана а ретко фалена граѓаните сметаат дека справувањето на надлежните институции во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани било ефикасно.

Особено е висок процентот на граѓани кои сметаат дека здравствените власти успешно реагирале на големиот број повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Ова се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење во Македонија на МКД.мк, кое го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани. 35,3 отсто од испитаниците велат дека одговорот на надлежните институции на оваа трагедија бил неефикасен.

Повеќе од 70 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти ефикасно се справија со големиот број на повредени во пожарот во Кочани. Процентот на незадоволните граѓани од здравствените власти е 21,8%.