Хаос меѓу корисниците на НЛБ Тутунска банка откако беше објавено дека банката ќе наплаќа за услуги за кои досега не се наплаќало.
По објавите во медиумите десетици – корисници на банката револтирани од финансиската политика на банката најавуваат затворање на сметките на сметките.
,,NLB Banka Skopje NLB – Nova Ljubljanska banka Дали вие воопшто ја гледате реакцијата на граѓаните за вашите катастрофални услуги? Еве јас сум еден од тие што избега од вашата банка поради манипулации, едно кажувате на шалтер додека не се земе некоја услуга од кај вас, а потоа излегува сосема различно и наплатата е далеку поголема. Бидете спремни за наредниот период кога многу ваши корисници ќе се префрлат во другите банки, во тоа бидете сигурни”, пишува Иван П. на социјалните мрежи.
Многумина клиенти најавуваат заминување од банката:
Срамота, не знаете уште како да го украдете народот па и ова. Ќе се откажат многу клиенти од вас, пишува Б.М.К
Сите масовно да ги откажуваат сметките во NLB Banka Skopje!, пишува М.С. од Скопје.
Затоа сите ќе се префрлиме во други банки, пишува И.И.
Затварам сметка, пишува Д.Н.
НЛБ Тутунска Банка лани пријавила чист профит од речиси 54 милиони евра.
Што ги изиритира клиентите на банката:
За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка
НЛБ Банката по 24 часа испрати објаснување дека сепак нема да се плаќа за секое отварање на сметката
Само по 20 денари месечно за корисниците на Light пакетот
НЛБ сепак нема да наплаќа за секое гледање на онлајн сметката






