Погреб на папата Франциско (ЖИВО)

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, присуствува на денешното последно испраѓање на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.



Медиумми пренесуваат дека на погребот присуствуваат 162 официјални делегации, меѓу кои и светски лидери, како претседателите на САД, Франција и Украина, британскиот премиер, принцот Вилијам и други важни личности.

За последно патување на починатиот папа од Ватикан до неговото почивалиште во црквата „Санта Марија Маџоре“ во Рим се собрале околу 200.000 луѓе  на погребната миса, која започна во 10 часот, кога ковчегот беше изнесен пред базиликата Свети Петар.

Многу луѓе кампувале преку ноќ, надевајќи се на подобро место за следење на церемонијата.

Погребната церемонија ќе биде приватна и ќе се одржи во присуство на неколку кардинали, блиски соработници на папата и неговата лична медицинска сестра. Како што папата посакуваше, ковчегот ќе биде пречекан од сиромашни и бездомници во базиликата. (ТВ АЛФА)