ВМРО ДПМНЕ: Во владеењето СДС и ДУИ беа организирани само во криминалот, секоја ревизија на работењето на институциите го покажува тоа!

„Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДС и ДУИ беше криминалот!“ – реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.



Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: Ако станува збор за организираност и во врска со тврдењата дека оваа Влада е неорганизирана, може да се констатира само дека единствената работа, во која што владата на СДС и ДУИ беше организирана, беше организираниот криминал. Затоа при вршењето на секоја ревизија на работењето излегува од тоа некаква форма на организиран криминал, правен од претходната влада во таа институција.

СДС не се навикнати на организирана работа на проекти, на затворање дупки и реформи, Тие со нивниот партнер ДУИ градат специфичен однос на ниво на политички и коруптивен садомазохизам, што може да е нов правец во политичката култура во државата. – реагираше ВМРО ДПМНЕ.