„Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува“ се вели во соопштението на грчкото МНР во врска со изјавата на Јоханес хан дека за 15 дена е можно решение за спорот со името.
Како што пренесе атински „Катимерини“ еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека е „оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ“.
Македнскиот премиер Зоран Заев денеска внимателно реагираше на оптимистичката изјава на Хан:
„Дај Боже тој да има информација дека за две недели би завршиле. Јас тоа го посакува, но верувам дека не е можно затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи . Знам отприлика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме“ изјави премиерот како што пренесе МИА,




