Две групи се пукале на Бит Пазар додека траела петочната џума а наоколу играле деца, еден настрадан

Две групи од по 5-6 лица денеска се пукале на Бит Пазар додека траела петочната молитва во блиските џамии а наоколу играле деца и имало многу отворени дуќани со муштерии.



Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

“Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека на местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.