Трамп: Украина е виновна за војната во Украина!

 

Американскиот претседател во интервју за списанието „Тајм“, кое беше објавено на 22 април,  ја обвини Украина за започнување на војната.



„Мислам дека она што предизвика војната да започне беше кога Украинците почнаа да зборуваат за приклучување кон НАТО“, изјави Доналд Трамп.

Според медиумските извештаи, мировните планови што ги заговара Трамп вклучуваат предавање на приближно 20 проценти од украинската територија на Владимир Путин.

Трамп, исто така, изјави за „Тајм“ дека „Крим ќе остане руски“, осврнувајќи се на полуостровот што Русија нелегално го анектираше во 2014 година.